Adam Abu-bashal
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
АБУЏА
Во африканскиот континент, бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 22.551, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, во последните 24 часа ширум овој континент откриени се уште 13.363 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи во Африка се зголеми на 1.025.264.
Како последица на овој вирус, во Африка починаа уште 437 лица, со што вкупната бројка на починати во овој континент се искачи на 22.551.
Најмногу смртни случаи во овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (9.909 смртни случаи), по која следуваат Египет (4.937 смртни случаи) и Алжир (1.282 смртни случаи).
Во Маврициус веќе нема активни случаи, додека на Сејшелите и во Еритреја досега не се регистрирани смртни случаи.
Во африканскиот континент 707.853 лица се излекувани од Ковид-19.