Çağrı Koşak
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
БЕЈРУТ
Секретарот во Министерството за здравство на Либан, Риза ел-Мусави, истакна дека во експлозијата која се случи во Бејрут загинаа над 150 лица додека бројот на повредени достигна на 6.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на загинати во експлозијата која се случи на пристаништето во Бејрут достигна на 154, додека бројот на повредени достигна на 6.000“, рече Мусави во изјава за АА.
Мусави нагласи дека 120 лица меѓу повредените се наоѓаат во критична состојба, и дека во тек се операциите за пребарување на лицата кои се водат како исчезнати. „Можно е да расте бројот на жртвите.“, додаде тој.
На 4 август се случи силна експлозија на пристаништето во Бејрут.
Се вели дека штетата предизвикана од експлозијата може да надмија 10 до 15 милијарди долари.