Şerife Çetin
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
БРИСЕЛ
Во Белгија, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 111 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 7.594, јавува Агенција Анадолија (АА).
Белгискиот центар за кризи соопшти дека во истиот период е потврдено заразување кај 660 лица, и дека вкупниот број на заразени во таа земја се зголемил на 48.519.
Во соопштението се наведува дека се хоспитализирани уште 178 заразени, додека од болниците низ земјата се отпуштени 293 лица кои се излекувани од вирусот.
Во изминатите 24 часа и бројот на пациентите кои се наоѓаат на одделите за интензивна нега падна на 769.
Во Белгија првата фаза на процесот за нормализација на животот по мерките преземени со цел спречување на ширењето на вирусот, ќе започне на 4 мај.
Се очекува екипите под називот „Корона детективи“, кои се задолжени за откривање на контактите на заразените лица да започнат да дејствуваат истиот ден.
Белгиската национална железничка компанија најави поставување на автомати за продавање на заштитни маски и средства за дезинфкција на станиците.