Ahmet Dursun
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во текот на изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 71 лице, со што вкупниот број на починати се зголеми на 6.028, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека е потврдено заразување кај уште 983 лица и дека вкупниот број на заразени во таа земја моментално изнесува 94.640.
Тој истакна дека 2.976 заразени лица се наоѓаат во критична состојба и додаде дека се излекувани 75.103 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19.
Џиханпур изјави дека во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 463.295 примероци.
Првиот случај на заразување во Иран е забележан на 19 февруари во градот Ком.