Erdoğan Çağatay Zontur
26 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бразил денес потврди вкупно 23.473 смртни случаи од коронавирусот, откако во изминатите 24 часа починаа 807 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на дијагностицирани случаи со Ковид-19 се искачи на 374.898 со 11.687 нови случаи регистрирани за едно деноноќие.
Бразил, кој има најголем број на заразени и на смртни случаи од Ковид-19 во Латинска Америка, е втора земја во светот по бројот на дијагностицирани случаи, по САД.
Од пандемијата досега починаа над 346.200 луѓе во светот, речиси 5,5 милиони се дијагностицирани со вирусот, додека Ковид-19 го победија 2,23 милиони луѓе во светот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.