БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1.548 лица во Бразил, 230 во Мексико, 445 во Аргентина, 496 во Колумбија, 49 во Перу, 158 во Чиле, 30 во Боливија, 54 во Парагвај, 36 во Гватемала и 35 во Хондурас.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.548 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 538.942.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 52.789, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 19.262.518.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.917.189 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 233 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.821 новозаразен.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 235.740 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.629.648. Досега во оваа земја оздравеа 2.068.175 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 16. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 445 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 100.695. Во истиот период детектирани се 17.295 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.719.952.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.345.549 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 496 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 114.833.
Во последното деноноќие детектирани се 18.070 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.583.442. Во оваа земја досега оздравеа 4.345.549 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 49 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.144 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.088.143, од кои животот го загубија 194.845 лица, а оздравеа над 2.052.427 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 158 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 34.207.
Во истиот период регистрирани се нови 2.366 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.594.496, а оздравеа вкупно 1.545.186 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 30 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.367.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 459.579, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 17.375. Досега оздравеа 386.591 лице позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 54 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.151 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 442.207, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.120.
Досега оздравеа 399.438 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 36 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.834 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.731 новозаразен, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 327.755.
Досега во оваа земја оздравеа 286.201 лице кои биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 35 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 985 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 277.974, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 7.391 лице, а оздравеа 95.311 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.