Jeyhun Aliyev
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Британските официјални претставници денес упатија честитки до муслиманите по повод светиот месец Рамазан, месецот на постот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во ова време од годината им посакувам Рамазан мубарак на муслиманите во нивните домови и во светот, коишто го започнуваат овој свет месец“, напиша на Твитер британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
„Овој Рамазан ќе биде особено предизвикувачки, но вредностите на сочувство, милосрдност и жртвување се поважни сега од кога било претходно“, напиша тој.
Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, им се заблагодари на муслиманите за „направените големи промени во виталните делови на практиката“ за време на месецот кој е толку посебен за многу луѓе.
„Додека влегуваме во месец Рамазан, многу муслимани поради Ковид-19 нема да ја споделат радоста на овој месец, како што обично го прават тоа. Ви благодарам што седите дома“, напиша тој на Твитер.
Тој, исто така, им се заблагодари на муслиманите во Велика Британија за нивната служба, државјанство и пожртвуваност во борбата против Ковид-19.
Лидерот на опозициската лабуристичка партија, Кир Стармер, исто така им посака на муслиманите благословен и мирен Рамазан.
„Сакам да ја искористам оваа прилика да им оддадам почит на сите муслимани кои работат во Националната здравствена служба, нашата служба за нега и насекаде во првите редови на нашата борба против коронавирусот. Благодарам што нè чувате“, рече Стармер во видеопорака објавена на Твитер.
Понатаму, во објавеното видео тој рече дека Рамазан носи „заеднички квалитети што ги имаме како што се сочувство, споделување, заемна поддршка и квалитети кои ни се потребни повеќе од кога и да било во ова време.“