Muhammet Nazım Taşcı
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 10 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во светот се заразени 10.00.051 лице.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што регистрирани се 2.577.368 лица заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 1.284.214 откриени случаи, Русија со 627.646, Индија со 529.331, Велика Британија со 310.250, Шпанија со 295.549, Перу со 272.364, Чиле со 267.766, Италија со 240.136, Иран со 220.180 и Мексико со 208.392 дијагностицирани случаи со Ковид-19.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 195.883 лица.
Земји каде што бројот на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се:
Пакистан (198.883), Германија (194.527), Саудиска Арабија (178.504), Франција (162.936), Бангладеш (133.978), Јужноафриканска Република (124.590), Канада (102.954), Катар (93.663), Колумбија (84.442), Кина (83.3483), Шведска (65.137), Египет (62.755), Белгија (61.209), Белорусија (61.095), Аргентина (55.343), Еквадор (53.856), Индонезија (52.812) и Холандија (50.074).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 498.950 лица, излекувани се 5.414.646 лица.