Sümeyye Dilara Dinçer
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 230 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 230.985.679 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 43.404.877 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (33.563.421), Бразил (21.283.567), Велика Британија (7.530.103), Русија (7.354.995), Франција (6.971.493), Турција (6.932.453), Иран (5.493.591) и Аргентина (5.245.265).
Како последица на вирусот во светот починаа 4.734.917 лица. Во светот регистрирани се 207.693.605 оздравени лица од вирусот, додека 18.557.157 лица се во процес на лекување.