БЕРЛИН
Тројцата кандидати кои ќе се натпреваруваат за столчето на канцеларката Ангела Меркел, која нема повторно да се кандидира на општите избори што ќе се одржат на 26 септември во Германија, ги споделија своите програми со јавноста, известува Агенција Анадолија (АА).
Кандидатите за премиер на Германија, Армин Лашет, шефот на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Олаф Шолц, кандидат на Социјалдемократската партија (SPD), актуелен министер за финансии и Аналена Бербок, кандидатот на Партијата на зелените и партиски копретседавач, ги презентираа своите планови со кои планираат да ја обликуваат иднината на земјата.
Откако Анегрет Крамп Каренбауер, по приемот на претседавањето со ЦДУ од Меркел кон крајот на 2018 година не успеа да ја консолидира партијата, за лидер на партијата во јануари 2019 година беше избран Армин Лашет. Доколку Лашет биде избран за канцелар на претстојните избори во Германија, се очекува тој да ја продолжи политиката на Меркел.
Лашет, кој е способен да собере различни групи во партијата и надвор од неа и има профил на лице кое е подготвено за компромиси, со јавноста сподели програма од шест точки што планира да ја спроведе во рок од 100 дена кога ќе дојде на власт, како и Изборната декларација на Христијанско-демократската унија, подготвена заедно со Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).
Лашет, кој вети дека ќе го зголеми детскиот додаток и од данокот на доход до 6.000 евра ќе ги одбие трошоците за згрижување на деца, во однос на безбедноста истакна дека сака да постави 1.000 камери годишно на јавни плоштади, да воведе регулативи со кои нападите против полицијата и другите безбедносни сили ќе бидат осудени на најмалку 6 месеци затвор и сака да формира Национален совет за безбедност кој ќе развива стратегии.
Лашет (60), кој е премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија од 2017 година, вети дека ќе ја намали бирократијата и ќе донесе даночни олеснувања за инвестициите што ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.
Лашет вети и дека доколку стане премиер, даноците нема да се зголемат.
Во Изборниот манифест на партиите на Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ), вклучена е и политиката што треба да се следи во врска со прашањата поврзани со надворешната политика, кои не беа вклучени во дебатите во предизборната кампања.
ЦДУ/ЦСУ, која сака Германија, економски најмоќната земја во Европа, да има водечка улога во надворешните и безбедносните прашања, бара ЕУ да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.
ЦДУ/ЦСУ има за цел да ја направи ЕУ посилна во глобалната трка.
Лашет смета дека Владата на ЦДУ/ЦСУ предводена од него треба да влијае на промена на политика на ЕУ за азил и миграција и дека надворешните граници на Европа треба да бидат повеќе заштитени.
Во Изборниот манифест се најавува зајакнување на Германската армија и се бара јакнење на Армијата со вооружени возила без екипаж.
Олаф Шолц, кандидат за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија, министер за труд и социјала во периодот 2007 - 2009 година во првата Влада на Меркел, градоначалник на Хамбург во периодот 2011 - 2018 година и актуелен министер за финансии и заменик-канцелар во четвртата Влада на Меркел од 2018 година досега, го привлече вниманието со мирното однесување во текот на кампањата и на телевизија.
Шолц (63), кој ја загуби претседателската трка во партијата против Сакија Ескен и Норберт Валтер-Борјанс во 2019 година, беше номиниран за премиер во 2020 година, бидејќи анкетите го прикажаа како најпопуларен социјалдемократски политичар.
Критикуван дека не е харизматичен и не е способен да одржува возбудливи говори, Шолц планира да го зголеми данокот на доход за 3 % за парови кои заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно, да воведе данок на богатство и данок за финансиска трансакција на ниво на Европската Унија.
Шолц сака да ја зголеми минималната плата на 12 евра на час и да донесе мобилна работа најмалку 24 дена во годината како законско право.
Шолц сака, зголемувајќи ја минималната плата на 12 евра на час, како законско право, да воведе мобилна работа најмалку 24 дена во текот на годината.
Во изборната програма на СПД, која предвидува електричната енергија да се произведува целосно од обновливи извори на енергија до 2040 година со цел да се заштити климата, предвидено е да се преземат мерки, така што Германија ќе стане лидер на пазарот во водородните технологии до 2030 година.
Партијата на Шолц, која сака ЕУ да има водечка улога во спречување меѓународни кризи, во промовирање мир и демократија и заштита на човековите права, планира да ги интензивира односите со САД во областите на заштита на климата, глобалната здравствена политика, трговијата и безбедноста.
Додека СПД сака да се спроведат превентивни мерки во областа на внатрешната безбедност, таа смета дека вооружувањето со беспилотни летала ќе може да се спроведе по сеопфатна дискусија во земјата.
Администрација на партијата одлучи за првпат да предложи кандидат за премиер на Германија, бидејќи Зелените од 2018 година постојано добиваат висок процент на гласови во анкетите на јавното мислење.
Со тоа, 40-годишната Аналена Баербок, која е номинирана за канцелар, влегува во историјата како прва кандидатка за премиер на Партијата на зелените и втора жена што е номинирана на оваа функција по Меркел.
Баербок, која е најмлада меѓу кандидатите за канцелар, не беше добро позната во јавноста пред да биде избрана за копретседавач на Зелените во 2018 година.
Баербок, која во младоста е трократен освојувач на бронзен медал на Германија во гимнастичарската гранка трамбулина, во Бундестагот е од 2013 година.
По номинацијата за канцелар, таа ја загуби јавната поддршка откако беше откриено дека дополнителниот приход што го добива покрај пратеничката плата не го пријавила во Парламентот, дека има лажни информации во нејзината биографија и дека извршила плагијат со својата книга.
Баербок и нејзината партија, најдолгиот дел од Изборниот манифест го посветија на заштитата на климата и животната средина.
Зелените, кои во својот Изборен манифест како цел поставуваат итна програма за заштита на климата, сакаат основата на оваа програма да биде формирана врз Парискиот договор за климата и извештајот на Светскиот совет за клима.
Зелените сакаат да излезат од производството на енергија од јаглен до 2030 година, и планираат за четири години 1,5 милиони покриви да бидат покриени со соларни панели.
Зелените сакаат и реформи во даночниот систем, со цел да се наметнат повисоки даноци за загадувањето на животната средина и потрошувачката на ресурси.
Ветувајќи дека ќе го зголеми данокот на доход за луѓето со високи примања, Зелените бараат данок од 45 % за брачните двојки кои заработуваат 200.000 евра и 48 % данок на доход за оние кои заработуваат повеќе од 500.000 евра. Дополнително, планираат воведување на данок на богатство од 1 % за оние со имот од над 2 милиони евра.
Зелените сакаат зајакнување на институциите на ЕУ во надворешната политика, и во надворешната и безбедносната политика на ЕУ бараат одлуките да се донесуваат со мнозинство гласови, како што тоа го предлага Социјалдемократската партија.
Зелените, кои се противат на склучувањето меѓународни трговски договори во случај на содржини штетни за климата и животната средина, бараат продолжување на дијалогот меѓу НАТО и Русија.
Зелените, отфрлајќи ја целта на НАТО за трошење 2 % од БДП за одбрана, имаат за цел, од стратешки аспект, репозиционирање на НАТО.
news_share_descriptionsubscription_contact
