Addis Getachew Tadesse
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Бројот на случаите на коронавирус во Африка денес надмина 78.000, соопшти Африканскиот центар за контрола и спречување на болести во своето секојдневно ажурирање на податоците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Билансот на починати се искачи на 2.630, додека бројот на оздравени од вирусот достигна 29.452.
Јужноафриканската Република регистрира 13.500 дијагностицирани случаи со што е најтешко погодена земја во однос на бројот на заразени, со 247 смртни случаи.
Египет пријави 11.200 дијагностицирани случаи и 592 смртни случаи.
Во Нигерија бројот на починати достигна 171, во Буркина Фасо и Нигер 51, во Мали 46 и Гана 28. Во Централна Африка, во Камерун е регистриран најголем број смртни случаи - 139, во Демократска Република Конго 61 и во Чад 48.
Во Источна Африка, Судан има најголем број смртни случаи, со 91 починато лице од компликации поврзани со вирусот Ковид-19. Сомалија регистрира 53 смртни случаи, а Кенија 45.