Hasan Esen
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ЛОНДОН (АА) - Од последиците на Ковид-19 во Велика Британија во изминатите 24 часа починаа уште 649 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на 30.076, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за локална самоуправа, Роберт Џенрик, на дневната прес-конференција истакна дека во последните 24 часа евидентирани се нови 6.111 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка е зголемена на 201.101, додека во едно деноноќие направени се 69.463 тестови за Ковид-19.
Бројот на направени тестови, четири дена по ред останува под планираната цел од 100.000. До денес направени се вкупно 1.448.010 теста.
- „Тешко е да се направи споредба“ -
Министерот Џенрик, одговарајќи на новинарско прашање како Велика Британија ја помина Италија, чиј здравствен систем пропадна, и се искачи на прво место во Европа во однос на бројот на починати од Ковид-19, одговори дека во моментот е тешко да се направи меѓународна споредба која би била точна.
Истакнувајќи дека за тоа може да се донесе заклучок кога ќе се потврди вкупната бројка на починати, Џенрик нагласи: „Денес е тешко да се направи целосна пресметка. Секако би сакале да ги научиме лекциите. Но, во оваа фаза ние сè уште се бориме со вирусот.“
Вчера, Велика Британија се искачи на првото место во Европа со тоа што ја помина Италија по бројот на смртни случаи, и се наоѓа на второто место во светот по САД.
Според денешните податоци, во Италија починаа вкупно 29.684 лица, а во САД 72.334 лица.