Barış Seçkin
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
РИМ (АА) - Вo изминатите 24 часа во Италија, како последица на вирусот Ковид-29, починаа 369 лица со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 29.684, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија преку соопштение ги објави последните податоци поврзани за Ковид-19 во земјата.
Според соопштението се наведува дека бројката на активно заразени е намалена за рекордни 6.939 случаи, со што вкупната бројка е намалена на 91.528.
Вкупниот врој на лица позитивни на Ковид-19 во Италија се зголеми на 214.457, а вкупниот број на оздравени изнесува 93.245, од кои 8.014 оздравеле во последните 24 часа.
Во истиот период од Ковид-19 починале 369 лица, со што вкупниот број на смртни слуачаи се зголеми на 29.684.
Бројот на пациенти на одделите за интензивна нега е намален на 1.333. Вчера таа бројка изнесуваше 1.427.
Низ целата земја досега се направени 2.310.929 тестирања на коронавирусот.
Во Ломбардија, епицентарот на пандемијата во Италија, регистрирани се 22 нови смртни случаи на Ковид-19.
Премиерот Џузепе Конте, во изјавата за весникот „Ил фато квотидиано“ (Il Fatto Quotidiano), истакна дека Италијанците биле одговорни и ги почитувале мерките.
„Тоа ме тера да верувам дека кривата на епидемијата ќе остане под контрола. Но, овој вирус е невидливо зло и ризично е да се прави предвидување. Дури и научниците имаат тешкотии во предвидувањата.“