Emre Aytekin
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) - Билансот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 220.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 220.713 лица во светот починаа од вирусот, додека бројот на дијагностицирани случаи со Ковид-19 во светот се искачи на 3.179.532.
Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Соединетите Амеикански Држави (САД), каде починаа 60.111 лица.
По САД, следуваат Италија со 27.682 починати, Шпанија со 24.275, Франција со 23.660, Велика Британија со 21.678, Белгија со 7.501, Германија со 6.374, Иран со 5.957, Бразил со 5.803, Холандија со 4.711 и Кина со 4.633 починати.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: Турција со 3.081, Канада со 2.904, Шведска со 2.462, Швајцарија со 1.703, Мексико со 1.569, Ирска со 1.519 и Индија со 1.008.
Во светот од Ковид-19 се излекувани вкупно 986.314 лица.