Ayhan Şimşek
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
БЕРЛИН - Германската фармацевтска компанија „BioNTech“ објави дека на волонтери започнала со тестирање на потенцијална вакцина против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Дванаесет учесници во студијата примија доза на потенцијалната вакцина BNT162 во Германија откако на 23 април започна тестирањето“, се вели во соопштението на „BioNTech“.
Бројни фармацевтски компании се натпреваруваат да изнајдат вакцина против заболувањето кое го предизвикува коронавирусот, од кој во светот починаа над 215.000 луѓе.
Станува збор за прво клиничко испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 во Германија. Во првиот дел од клиничкото испитување речиси 200 здрави доброволци на возраст меѓу 18 и 55 години ќе бидат вакцинирани со цел да се процени безбедноста и имуногеноста на вакцината, како и да се одреди оптималната доза за понатамошните испитувања.
Германското регулаторно тело, Институтот „Пол Ерлих“, минатата недела го одобри почетокот на клиничките испитувања.
Турскиот професор Угур Шахин, еден од основачите и извршниот директор на „BioNTech“ и фармацевтскиот гигант „Pfizer“ заедно развиваат потенцијална вакцина за Ковид-19 како дел од глобалната развојна програма. Компаниите планираат да започнат испитувања за потенцијалната вакцина BNT162 во Соединетите Американски Држави (САД), штом добијат одобрение од тамошното регулаторно тело.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот. Исто така, СЗО освен Европа, за нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, кој првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и Соединетите Американски Држави (САД). Од Ковид-19 во светот починаа над 218.400 луѓе, а потврдени се над 3.135.000 случаи со коронавирусот во над 185 земји, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“. Досега излекувани се над 945.000 луѓе.