Bilal Acar
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Бројот на починатите од последици на заразенсот со Ковид-19 во Велика Британија е зголемен на 42.647, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека во последните 24 часа од последиците на вирусот починаа 15 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 е зголемен на 42.647.
Бројот на заразените е поголем за 958 и изнесува 305.289.
Во последните 24 часа се извршени 139.659 тестирања. До денес на присуство на Ковид-19 се извршени 8.029.757 тестирања.
Иако извештаите покажуваат дека во Велика Британија од Ковид-19 дневно умираат помалку 100 лица, фактот дека постои доцнење во објавувањето на извештаите, особено по викендот, можно е бројките да не се сосема точни.
Велика Британија по бројот на починатите од Ковид-19 е прва во Европа, а трета во светот, после САД и Бразил.