БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.513 лица во Бразил, 253 во Мексико, 745 во Аргентина, 482 во Колумбија, 299 во Перу, 31 во Чиле, 91 во Еквадор, 69 во Боливија, 110 во Парагвај, 49 во Хондурас и 57 во Уругвај.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.513 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 439.050.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 75.445, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.732.836.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.247.609 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 253 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.767 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 220.746 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.385.512, а досега оздравеа 1.905.591 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 745 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 71.771. Во истиот период детектирани се 35.543 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.371.508.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.992.325 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 482 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 82.291.
Во последното деноноќие детектирани се 13.137 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.144.547. Во оваа земја досега оздравеа 2.947.661 заразено лице со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 299 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.455 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.897.900, од кои починаа 66.770 лица, а оздравеа над 1.843.333 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 31 лице од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 27.965.
Во истиот период регистрирани се нови 3.787 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.295.862, а оздравеа вкупно 1.231.047 лица претходно заразени со коронавирусот.
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 91 смртен случај, вкупно 19.877 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 596 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 411.466.
Досега во Еквадор оздравеа 354.499 лица што биле позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 69 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.617.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 337.411, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.635. Досега оздравеа 275.069 лица позитивни на коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 110 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.704 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 318.251, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 7.802.
Досега оздравеа 264.326 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последици на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 49 лица, а Ковид-19 е детектиран кај 771 лице.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 228.287, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 6.019 лица, а оздравеа 83.086 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 57 лица од последици на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 3.578.
Во истиот период детектирани се 3.128 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 246.026 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 214.578 лица заразени со Ковид-19.
news_share_descriptionsubscription_contact


