Ekip
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
МЕЛБУРН (АА) - Десетици илјади луѓе излегоа на улиците денес во Австралија да изразат поддршка за бегалците и побараа од австралиската Влада на барателите на азил кој се соочуваат со депортација, да им се овозможи да останат во земјата, јавува Anadolu Agency.
Демонстрантите, меѓу кои и црквени групи, невладини организации, студенти и активисти маршираа низ 16 австралиски градови повикувајки на солидарност и "правда за бегалците" барајќи затворање на прифатните центри во Пацификот Острови.
Според австралиската имиграциона политика, барателите на азил кои се обидуваат да стигнат до Австралија со брод се испраќаат во притворски затвори во земјите од Пацификот, Папуа Нова Гвинеја и Науру. На нив им е оневозможено да се раселат во Австралија, дури и ако се потврди дека се бегалци.
Голем број демонстранти држеа транспаренти на кои пишуваше "Нека останат". Тие бараат на барателите на азил, што им се заканува депортација, откако бидат донесени во Австралија со цел да им се обезбеди медицинска нега, да им биде овозможено да останат во земјата.