Erbil Başay
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
БЕРЛИН
Во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 24.300 нови случаи на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Институтот „Роберт Кох“ (RKI) покажуваат дека во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починале 201 лице, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 76.543. Бројот на заразени со коронавирусот е поголем за 24.300 и вкупно изнесува 2.833.173.
Во Германија е присутен третиот бран на пандемијата и доаѓа до константен раст на бројот на заразени на дневно ниво. Во средата, неделната инциденца на 100.000 жители изнесуваше 132,3, а денеска се зголеми на 134,2.
Исто така, податоците на Институтот покажуваат дека кај 88 отсто од пациентите, односно кај 48.451 лице кај кои минатата недела е потврдено заразување, станува збор за варијантата Б117.
Досега во Германија првата доза на вакцина против Ковид-19 ја примија повеќе од 9,62 милиони луѓе, а втората повеќе од 4,15 милиони. Со тоа, од 27 декември 2020 година, кога започна вакцинацијата, дадени се повеќе од 13,77 милиони дози на вакцина.
На состанокот одржан на 22 март на кој присуствуваа германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на покраините, донесена е одлука за продолжување на рестриктивните мерки до 18 април.