Erbil Başay
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во изминатите 24 часа од последици предизвикани од коронавирусот починаа 312 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 82.280, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ (RKI) соопшти дека во истиот период вирусот е потврден кај уште 22.231 лица и дека вкупниот број на заразени во земјата е зголемен на 3.332.532.
Неделната инциденца на новозаразени на 100.000 жители денес изнесува 160,6.
Во Германија во рамките на имунизацијата, првата доза од вакцината ја примија 19.854.550 лица, додека 6.038.063 лица се ревакцинирани.