Büşra Selvi Öğütcen
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во текот на изминатиот ден во Индија потврдени се речиси 10.000 нови случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во изминатите 24 часа бројот на заразени со коронавирусот е зголемен на 256.000, што е за 9.883 случаи повеќе во однос на претходниот ден.
Во извештајот се наведува дека во изминатите 24 часа, како последица на вирусот Ковид-19 во земјата починале 206 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во Индија достигна 7.135.
Истиот извор истакна дека во земјата досега се излекувале 124.095 лица дијагностицирани со Ковид-19.
И покрај растот на бројот на заразени, во Индија повторно се отворени трговските центри, верските објекти и другите јавни објекти. Во еден дел се пуштени и железничките и авиолиниите, а училиштата во земјата и понатаму се затворени.