Mehmet Nuri Uçar
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија соопшти дека вооружени беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои го поддржуваат Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, извршиле напад врз теренска болница во градот Мисрата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на медиумскиот центар на операцијата „Вулкан на гневот“ се истакнува дека вооружените беспилотни летала на ОАЕ во саботата бомбардирале теренска болница во областа Абу Кирејн, околу 140 километри југоисточно од градот Мисрата.
Наведено е дека во нападот нема починати или повреди, но дека е причинета штета на болницата и амбулантните возила.
Во соопштението се истакнува дека овој напад на Обединетите Арапски Емирати е продолжение на злосторствата врз човештвото извршени од милицијата на Хафтар, која напаѓаше возила на брза помош и медицински екипи.
Либиската Влада ги обвинува ОАЕ дека го поддржуваат Хафтар во вооружениот обид за заземање територии во земјата.
Либиската Армија во саботата соопшти дека започнала нова операција наречена „Патот на победата“ за освојување на крајбрежниот град Сирт, воздухопловната база „Џуфра“ и околните области од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата.