Muhammet Kurşun
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 94.015, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Иран се вели дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 542 лица.
Според соопштението, со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 94.015.
Се истакнува дека во земјата се дијагностицирани уште 39.619 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 4.158.729.
Во ова соопштение се наведува дека 6.462 заразени лица се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 3.539.035 лица.
Според соопштеното, во Иран досега се направени 26.494.040 тестирања за Ковид-19.