Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Асадовиот режим во Сирија, прекршувајќи го примирјето во зоната за деескалација во Идлиб, изврши напади во цивилните населени места во руралната зона на подрачјето на Хама, при што загинаа 4 деца, а повредени се 5 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Асадовиот режим и терористичките групи под контрола на Иран, што се стационирани во селото Џурин во северозападниот дел на Хама, прекршувајќи го примирјето извршија напади со оружје во селата Кастун, Магара и Бара.
Според информациите добиени од тимовите на Цивилната заштита, во нападот во селото Кастун животот го загубиле 4 деца, а повредени се 5 цивили.