Muhammet Kurşun
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 116 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 9.623, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.368 нови случаи на вирусот и дека вкупниот број на заразени во земјата достигнал 204.952.
Лари, истакнувајќи дека 2.887 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, рече дека се излекувани 163.591 лице кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Таа напомена дека покрај покраината Хузестан, уште неколку покраини биле прогласени за црвена зона, како Хурмузган, Кирманшах, Источен Азербејџан и Систан-Белуџистан.
Според Лари, во земјата направени се вкупно 1.395.675 тестирања за Ковид-19.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше евидентиран на 19 февруари, во градот Ком.