Muhammet Nazım Taşcı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
МИНЕАПОЛИС (АА) – Едно лице загина, а 11 се повредени во вооружен напад во градот Минеаполис, во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на полицијата во Минеаполис, на Твитер, едно лице го загубило својот живот, а 11 се повредени како резултат на нападот од вооружени напаѓачи, кои пукале во околината на булеварот „Хенепин“. Повредените лица не се наоѓаат во животна опасност.
Напаѓачите избегале од местото на настанот.
На некои од фотографите објавени на социјалните медиуми се гледаат траги од куршуми на стаклата од прозорците на театарската сала „Аптаун“ и на една друга продавница.
Не се споделени информации за тоа дали има приведени лица поврзани со инцидентот, а исто така нема информации и за идентитетот и возраста на лицето што го загубило животот.
Од друга страна, се наведува дека подрачјето каде што се случил нападот се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од областа каде што од полицијата беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.