Ahmet Gürhan Kartal
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
РИМ
Во Италија денес се регистрирани 454 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, што е мало зголемување во однос на претходниот ден. Вкупниот број на досега починати во земјата изнесува 24.114, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последите податоци објавени од италијанскиот Оддел за цивилна заштита, за првпат е напамен бројот на заразени на дневно ниво во однос на претходниот ден. Вкупна бројка на лица заразени од Ковид-19 изнесува 108.237.
Бројот на излекувани се искачи на 48.877 лица, додека бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега е намален, со што е олеснат притисокот врз здравствениот систем на Италија.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува северниот регион Ломбардија, каде досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 12.376 лица, што е повеќе од половина од вкупниот број ма смртни случаи во Италија.
Влада сѐ уште има потешкотии со планот за закрепнување, бидејќи секој регион напредува во различна насока.
По состанокот на регионалните гувернери во текот на викендот, италијанскиот премиер Џузепе Конте вети дека ќе обезбеди јасна индикација во текот на наредните денови за тоа како Владата треба да започне со олеснување на рестриктивните мерки.
Кривата на заболени и починати од Ковид-19 во Италија се израмнува од почетокот на епидемијата во март. Сепак, експертите постојани предупредуваат дека продолжувањето на сите активности без исполнување на високите санитарни стандарди и правилата за социјално дистанцирање, ќе го зголеми ризикот од повторно ширење на вирусот.
Италијанската Влада останува многу претпазлива во однос на можното повторно започнување со продуктивни активности, но северните региони - особено Ломбардија и Венето - повикуваат на итно отворање на нивните индустриски места, предупредувајќи на ризиците и последиците од стопирање на економскиот мотор на земјата.