Ekip
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ОВИЕДО
Во Шпанија се регистрирани 399 нови смртни случаи денес, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 20.852, јавува Агенција Анадолија (АА)
Од Министерството за здравство на Шпанија е соопштено дека ова е ден со најмалку регистрирани смртни случаи во земјата од 22 март.
Вчера вкупниот број на починати изнесуваше 410 и вчера беше прв пат бројот на починати да биде под 500.
Денес, со нови 4.266 заразени лица од Ковид-19, вкупната бројка во Шпанија надмина 200.000 потврдени случаи на заразување. Шпанија е втора најпогодена земја од вирусот, по САД.
Во последните 24 часа во Шпанија се излекувале 3.230 лица, со што вкупниот број е зголемен на 80.587.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во саботата вечерта ѝ се обрати на нацијата и најави продолжување на рестриктивните мерки до 9 мај.
Санчез исто така објави дека од 27 април на децата ќе им биде дозволено да излeзат надвор под контролирани околности. На децата во Шпанија од 14 март навака, по воведувањето на вонредна состојба не им е дозволено да излегуваат од надвор.