Fuat Kabakcı
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина откриени се 12, а во Јужна Кореја 10 нови случаи на новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на кинеската Национална здравствена комисија, во последните 24 часа биле откриени вкупно 12 случаи на Ковид-19, додека починати нема.
Со последните бројки, вкупниот број случаи на Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.816. Во земјата поради коронавирусот починаа 4.632 лица.
- Во Јужна Кореја 10 нови случаи -
Во изјавата дадена од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја се наведува дека во последните 24 часа во земјата се откриени 10 нови случаи на Ковид-19.
Во земјата досега од вирусот починаа 240 луѓе, а вкупниот број на случаи достигна 10.718.
Најмногу случаи во земјата се регистрирани во градот Даегу, а повеќе од 90 проценти од починатите се лица над 60 години.
Бројот на заразени во светот со новиот вид коронавирус, Ковид-19, што се појави во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеј, достигна 2.831.915.
Во светот, 197.318 луѓе починаа поради Ковид-19, додека 807.037 лица што беа заразени со вирусот се излекуваа.