Sayed Khodaiberdi Sadat
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
КАБУЛ (АА) - Од авганистанските затвори пуштени се уште 250 талибанци како резултат на договорот постигнат помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и талибанците, јавува Агенција Анадолија (AA).
Гласноговорникот на авганистанскиот Совет за национална безбедност, Џавид Фајсал, во изјавата за медиумите потврди дека бројот на ослободени талибанци согласно американско-талибанскиот договор за мировниот процес во Авганистан достигнал 550.
Тој рече дека ослободените талибанци претходно потпишале изјава дека повеќе нема да учествуваат во вооружени активности.
Фајсал додаде дека и од талибанците очекуваат ослободување на затворениците.
Историскиот „Договор за воспоставување мир во Авганистан“ беше потпишан на 29 февруари во Доха од страна на американскиот претставник Залмај Халилзад и од еден од основачите на талибанското движење, Мула Абдул Гани Барадар.
Според договорот би требало да бидат ослободени над 5.000 талибанци, и над илјада заробеници.
Договорот предвидува почеток на мировниот процес во Авганистан, со кој би требало да се стави крај на 19-годишниот конфликт и најдолгата војна во која учествувале САД.