Ahmet Furkan Mercan
25 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ТОКИО (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, на италијанскиот крузер „Коста Атлантика“, што се наоѓа во јапонското пристаниште „Нагасаки“, се зголеми на 150, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од управата на Нагасаки е соопштено дека станува збор за крузер кој поради одржување пристигнал во Нагасаки кон крајот на јануари, и дека е усидрен пред бродоградилиштето на „Mitsubishi Heavy Industries“.
Наведоа дека покрај претходно регистрираните случаи, коронавирусот е потврден кај уште 60 членови на посадата и дека бројот на заразени пораснал на 150.
Се напоменува дека на италијанскиот крузер при доаѓањето во Нагасаки немало патници, и дека се планира тестирање на посадата од 623 члена со цел да се утврди точниот број на заразени.