Büşra Selvi Öğütcen
20 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Мексико починаа 296 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 296 лица, со ова вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 39.184.
Во Мексико се откриени уште 5.311 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 344.224.
Досега во земјата излекувани се 217.423 лица.
Вирусот за првпат во земјата е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај е евидентиран на 19 март.