Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа е причина за смртта на 1.038 лица во Бразил, 741 во Мексико и 434 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, која е втора земја во светот според бројот на заразени и смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, во последните 24 часа новиот тип коронавирус предизвика смрт на 1.038 заразени.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од коронавирусот изнесува 60.632, додека во земјата се детектирани 1.448.753 лица позитивни на Ковид-19, од кои 46.712 во последните 24 часа.
Државата Сао Паоло со население од околу 46 милиони е најпогодена област во Бразил. Во оваа бразилска држава детектирани се 289.935 случаи на заразеност со коронавирусот, од кои 15.030 починаа како последица на заразеноста со Ковид-19.
По Сао Паоло, според бројката на заразени и смртни случаи во Бразил, следува државата Рио де Жанеиро со 115.278 лица позитивни на коронавирусот и 10.198 смртни случаи.
Бразил со популација од над 211 милиони жители се опишува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
На глобално ниво Бразил е втора земја во светот по „САД, според бројката на смртни случаи и лица позитивни на коронавирусот“.
Институтот за географија и статистика на Бразил претходно имаше објавено дека во мај 4,2 милиони лица го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, налик на сиптомите што ги покажува Ковид-19.
- Во Мексико 28.510 лица починаа од последици на Ковид-19
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа во земјата од последици предизвикани од Ковид-19 починале 741 лице, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 28.510.
Во Мексико детектирани се вкупно 231.770 лица позитивни на коронавирусот, од кои 5.681 во последните 24 часа.
Досега во оваа земја оздравеа 138.319 лица заразени со Ковид-19.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен сличај е регистриран на 19 март.
- Ковид-19 причина за смртта на 17.834 лица во Индија
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 434 смртни случаи предизвикни од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 17.834.
Во последните 24 часа се детектирани 19.148 лица позитивни на коронавирусот, кои го зголемија вкупниот број на заразени на 604.641.
Во Индија досега оздравеа 359.860 заразени со коронавирусот.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е четврта земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.