Muhammed Emin Canik
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Во оружен напад во центар за рехабилитација во Мексико загинаа најмалку 24 лица, а ранети се 7, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека нападот се случил во Центарот за рехабилитација на лица кои се лекуваат од зависност од наркотици во градот Ирапуато, во Гванахуато.
Педро Кортес Завала, секретар на Кабинетот за безбедност на Ирапуато, потврди дека според прелиминарните податоци, во Центарот се наоѓале 35 лица, а некои успеале да побегнат.
Напаѓачите, според неговите зборови, дошле со автомобил. Од лицата во Центарот барале да легнат на земја, а потоа ги убиле. Завала наведе дека сѐ уште не е утврдено кој го извршил нападот.
Во нападот кој на почетокот на минатиот месец е извршен во другиот центар за рехабилитација во Ирапуато, загинаа 10 лица.