Ali Cura
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се дијагностицирани 476.658 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а бројката на починати се искачи на 5.971 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекциите од коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 8.985 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 476.658.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 112 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 5.971.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 230.668, со зголемување од 5.971 лице во текот на последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,9 проценти, при што кај 36,6 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва, која е центар на епидемијата во Русија, детектирани се 2.001 лице позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 197.018.
Во градот во последните 24 часа од коронавирусот починаа 51 лице, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 2.970.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата е зголемен на над 13.000.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 320.000 лица се наоѓаат под надзор.