Dmitri Chirciu
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 23.491, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.354.163, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 13.754 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.354.163.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 286 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 23.491.
Оздравеа уште 8.392 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.048.097 лица.
Во Русија направени се над 52,2 милиони тестирања за Ковид-19.