Aliia Raimbekova
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
НУР СУЛТАН
Вселенската агенција на Турција и Комитетот за вселена и авијација на Казахстан потпишаа Меморандум за соработка во секторот на вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за дигитален развој, иновација и вселенска индустрија на Казахстан, претседателот на Вселенската агенција на Турција, Сердар Хусеин Јилдирим, во рамки на својата дводневна работна посета во оваа земја се состана со казахстанскиот министер за дигитален развој, иновација и вселенска индустрија, Багдат Мусин.
Се вели дека двајцата соговорници за време на средбата разговарале за соработката помеѓу двете земји во областа на вселената.
Јилдирим и неговата делегација, во рамки на посетата на Казахстан го посетија Националниот вселенски центар во казахстанскиот главен град Нур Султан.
Турската делегација потоа го посети и космодромот „Бајконур“, каде што го следеше лансирањето на вселенското возило „Сојуз МС-17“.
Јилдирим во овие рамки се состана и со претседателот на Комитетот за вселена и авијација на Казахстан, Баубек Оралмагамбетов. По средбата страните потпишаа Меморандум за соработка во областа на вселената.
„Овој документ ќе овозможи започнување на практична соработка помеѓу вселенските инситуции и компании на двете земји“, истакна Јилдирим по церемонијата за потпишување на Меморандумот за соработка.