Aşkın Kıyağan
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ВИЕНА (АА) – Пратеникот Јерг Лајхтфрид од Социјалдемократската партија (SPÖ), главниот опозиционер во Австрија, критикувајќи ја надворешната политика на Владата, истакна дека Австрија за меѓународни прашања презема помала улога во однос на посредувањето, но во спорот меѓу Турција и Грција веднаш зазела страна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Австриското федерално собрание се дискутираше за надворешната политика на коалициската Влада на Австриската народна партија (ÖVP) и Партијата на зелените.
Министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг, на седницата го пренесе пристапот на Владата кон прашањата што ја окупираат меѓународната агенда, како што се Источниот Медитеран и судирите меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах, кој е окупиран од Ерменија.
- Опозицијата ја критикуваше Владата за надворешната политика што ја води -
Памела Ренди Вагнер, претседателката на најголемата опозициска партија, Социјалдемократската партија (SPÖ), реагираше за надворешно-политичкиот пристап на премиерот Себастијан Курц и министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг, тврдејќи дека земјата се оддалечува од мултилатерализмот.
Пратеникот Јерг Лајхтфрид од Социјалдемократската партија (SPÖ), истакнувајќи дека земјата ја променила насоката во однос на надворешната политика, рече дека оваа ситуација предизвикува Австрија помалку да се посвети на проблемот во Блискиот Исток.
„Австрија [за меѓународни прашања] презема помала улога во однос на посредувањето, но на пример, во спорот меѓу Турција и Грција веднаш зазеде една страна. Оваа ситуација отежнува Австрија да биде посредник во конфликтот во Нагорно Карабах, каде што Турција е активна како страна“, нагласи пратеникот Јерг Лајхтфрид.