Elena Teslova
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
МОСКВА
Бројот на потврдени случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19) во Русија достигна вкупна бројка од 242.271, а во последните 24 часа се пријавени 10.028 заразени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на починати се искачи на 2.212, откако во последните 24 часа починаа 96 лица“, се вели во дневното соопштение на рускиот Тим за итни случаи.
„Излекувани се вкупно 48.003 лица, со додатни 4.491 излекувано лице од вчера, додека 259.000 лица се под медицински надзор“, се додава во соопштението.
И покрај прилично острите мерки кои вклучуваат затворање на главниот град Москва, забрана за влез на странци и суспендирање на меѓународниот воздушен сообраќај, Русија е моментално втора земја во светот која е најмногу погодена од Ковид-19.
Во земјата веќе втора недела се детектираат по 10.000 лица позитивни на Ковид-19 на дневна основа.
Пет руски официјални претставници во изминатите две недели, вклучувајќи ги и премиерот Михаил Мишустин и портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, беа хоспитализирани поради вирусот.
Русија неодамна ги зголеми тестирањата во обид да се дијагностицираат пациенти во рана фаза и досега спроведе повеќе од 5,9 милиони тестови.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 292.000 луѓе во светот, над 4,26 милиони се заразени, додека излекувани се 1,5 милиони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.