Islam Doğru
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 3.112 лица, со што вкупниот број на починати достигна 58.368, Агенција Анадолија (АА).
САД се уште се наоѓаат на врвот на листата на земји погодени со пандемијата според најголемиот број случаи на заразување со Ковид-19.
Според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД се потврдени 24.228 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени се зголемил на 1.013.168.
Во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 3.112 лица, со што вкупниот број на починати достигна 58.368.
По САД, следуваат Шпанија со 236.899 заразени, Италија со 201.505 и Франција со 169.053.
Жариштето на пандемијата во САД сè уште е Њујорк, каде што се заразени 295.106 лица, а починале 22.912.
Следуваат сојузните американски држави Њу Џерси со 113.856 заразени и Масачусетс со 58.302.
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани вкупно 5.595.728 лица.
Бројката на пациенти кои се лекуваат во болниците во последните 24 часа е намалена за 22.408, со што вкупната бројка на хоспитализирани лица изнесува 106.265.