Zehra Ulucak
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Досега се администрирани повеќе од 1 милијарда 740 милиони дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Ourworldindata.org“, што ги објавува податоците поврзани со вакцинацијата против Ковид-19 во светот, Кина со 546.710.000 дози е земја со најголем број администрирани вакцини на светско ниво. Следуваат САД со 287.790.000, Индија со 200.660.000, Бразил со 63.740.000, Велика Британија со 61.420.000, Германија со 45.400.000, Франција со 33.090.000, Италија со 31.850.000, Турција со 28.332.000, Русија со 27.030.000, Мексико со 26.950.000, Шпанија со 24.880.000, Индонезија со 24.830.000 и Канада со 21.640.000 дози.
Бројот на администрирани вакцини против Ковид-19 низ светот надмина 1 милијарда 740 милиони.
Сејшели со администрирани 134,39 дози вакцини против Ковид-19 на 100 лица, се земја со најголема бројка на администрирани вакцини според популацијата во светот.
Следуваат Сан Марино и Обединети Арапски Емирати со 124,31, Израел со 122,10, Малта со 109,29, Бахреин со 95,28, Чиле со 91,79, Велика Британија со 90,48, САД со 86,05, Малдиви со 85,93, Унгарија со 85,26, Монголија со 83,27, Катар со 82,11, Уругвај со 74,88 и Монако со администрирани 73,04 дози вакцини на 100 жители.
Вакцините за Ковид-19 што до денес се користат или пак, се дозволени за употреба во итни случаи, се даваат во две дози со потреба од изминување на период за аплицирање на втората доза, освен една од нив. Затоа, бројката на дадени дози не се совпаѓа со бројката на вакцинирани лица.
Според интернет-страницата „Worldometers“, досега на светско ниво Ковид-19 е детектиран кај 168.586.342 лица, од кои животот го загубија 3.501.515, а оздравеа 150.134.337 заразени.
Во светот од коронавирусот се лекуваат 14.950.490 лица заразени со Ковид-19, од кои 95.417 се во тешка здравствена состојба.