Şeyma Uzundere
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани повеќе од 4,76 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека во Кина се дадени повеќе од 1,88 милијарди дози вакцини, што е најмногу во светот.
Следуваат Индија (со 550,52 милиони дози), САД (со 357,29 милиони), Бразил (168,16 милиони), Јапонија (111 милиони), Германија (97,88 милиони), Велика Британија (88 милиони), Турција (85,99 милиони), Индонезија (82,91 милион), Франција (80,79 милиони) и Мексико (77,57 милиони).
Податоците објавени на „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 209,48 милиони луѓе, додека повеќе од 4,39 милиони починаа како резултат на вирусот.