Nuri Aydın,Murat Özgür Güvendik
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во светот надмина 33,3 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаи на Ковид-19 е зголемен на 33.310.953.
Во светот досега од последиците предизвикани од Ковид-19 починале 1.002.452 лица, оздравени се повеќе од 24,6 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 7,66 милиони.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со над 7,3 милиони заразени лица. Починаа 209.453 лица.
Меѓу десетте земји во светот со најголем број заразени се Индија (6.074.702), потоа Бразил (4.732.309), Русија (1.151.438), Колумбија (813.056), Перу (805.302), Шпанија (735.198), Мексико (730.317), Аргентина (711.325), Јужноафриканската Република (670.766) и Франција (538.569).
Меѓу десетте земји со најголем број смртни случаи се Бразил (141.776), Индија (95.574), Мексико (76.430), Велика Британија (41.988), Италија (35.835), Перу (32.262), Франција (31.727), Шпанија (31.232), Иран (25.589), Колумбија (25.488), Русија (20.324), Јужноафриканската Република (16.398), Аргентина (15.749), Чиле (12.641), Еквадор (11.279) и Индонезија (10.386).