Dilara Hamit
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ЊУЈОРК
Федералниот судија, неколку часа пред одлуката да стапи на сила, привремено ја блокираше извршната наредба издадена од администрацијата на Трамп за забрана на преземањето на кинеската апликација за споделување на видеа, „ТикТок“, од американските продавници за апликација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Федералниот суд во главниот град Вашингтон привремено ja суспендираше oдлуката со која им се забранува на корисниците на социјалните мрежи во земјата да ја инсталираат апликацијата „ТикТок“.
Забраната може да биде укината доколку претседателот, Доналд Трамп, официјално го одобри договорот меѓу компанијата во чија сопственост е Тикток, „Бајтденс“, со американската технолошка компанија „Оракл“. Инаку, загриженоста за националната безбедност поради „ТикТок“ ќе се реши на 12 ноември преку ограничувања што ефикасно ќе ја направат апликацијата невозможна за употреба во САД.
Апликацијата „ТикТок“ во период од јануари до март оваа година беше преземена 315 милиони пати, повеќе од која било друга апликација во една четвртина од историјата, со 130 милиони преземања од САД, според последните објавени податоци од „Сензор тауер“ (Sensor Tower). Само во август беше преземена 37 милиони пати, кога оствари приход од 9 милиони долари.
Одделот за трговија на САД на 18 септември објави дека ќе биде забрането преземањето на апликациите за социјални мрежи „ТикТок“ и „ВиЧат“, кои припаѓаат на кинески компании, поради заштита на националната безбедност.