Emre Aytekin
30 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АНКАРА
Во светот досега од новиот тип коронавирус, Ковид-19, оздравеа повеќе од 33 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот досега оздравеа вкупно 33.002.635 лица.
Петте земји со најголем број случаи во светот се земјите каде што има најмногу оздравени пациенти од Ковид-19.
Најмногу оздравени лица има во Индија (7.373.375), потоа следуваат Соединетите Американски Држави (5.983.345), Бразил (4.954.159), Русија (1.186.041) и Колумбија (950.348).
Во Турција заклучно со 29 октомври оздравени се 320.762 пациенти.
Во светот од почетокот на епидемијата регистрирани се над 45,3 милиони случаи на Ковид-19, а како последица на вирусот починаа 1.186.000 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.