Dilan Pamuk
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 8 припадници на терористичката организација ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за одбрана денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Фатени во регионот Гара, терористите се неутрализирани во последователен воздушен напад“, соопшти Министерството на Твитер.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.