Emel Gözellik
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во светот од коронавирусот, Ковид-19, досега оздравеа над 57 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците објавени денес на „Worldometer“ покажуваат дека од Ковид-19 оздравеле вкупно 57.001.430 луѓе.
Четирите земји со најмногу заразени се исто така земји со најголем број оздравени пациенти.
Во Соединетите Американски Држави (САД) од вирусот се излекувани 11.410.501 лице, во Индија 9.761.538, во Бразил 6.475.466 и во Русија 2.450.829. Потоа следи Турција, каде од Ковид-19 оздравеа 1.994.034 лица, Колумбија со 1.444.041 и Аргентина со 1.402.227 излекувани лица.
Бројот на активни случаи на коронавирусот во светот изнесува 22.022.893.
Новиот тип коронавирус се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, и кратко потоа се прошири во повеќе од 200 земји низ целиот свет.
Бројот на заразени лица во светот се зголеми на 80.790.686, додека од последици предизвиканиод вирусот починаа 1.766.363 лица.