Nuri Aydın,Behlül Çetinkaya
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на заразените со новиот тип коронавирус во светот надмина 36,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаи на заразување е зголемен на 36.401.583.
Во светот досега од последиците на вирусот починаа 1.060.567 лица, оздравеа повеќе од 27,4 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 7,92 милиони.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко погодени се САД со повеќе од 7,77 милиони заразени лица. Починаа 216.784 лица.
Меѓу десетте земји, по САД, со најголем број смртни случаи се наоѓаат Бразил (148.304), Индија (105.554), Мексико (82.726), Велика Британија (42.515), Италија (36.061), Перу (33.009), Шпанија (32.562), Франција (32.445), Иран (27.658), Колумбија (27.180), Аргентина (22.226), Русија (21.865), Јужноафриканска Република (17.248), Чиле (13.090), Еквадор (11.743), Индонезија (11.472) и Белгија (10.108).