Cüneyt Karadağ
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
БЕРЛИН (АА) - Во изминатите 24 часа во Германија евидентирани се 4.058 лица позитивни на тестирањата за коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот „Роберт Кох“ се наведува дека со 4.058 новозаразени, Германија повторно се вратила на бројките од април оваа година.
Соопштено е дека во изминатите 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 16 лица. Во Германија од почетокот на пандемијата заразени се 310.144 луѓе, а 9.578 починале. Регистрирани се 269.600 оздравени.
Германија, поради зголемувањето на бројот на заразени, ги прогласи Романија, Тунис, Грузија и Јордан за „ризични подрачја“.
Препорака на германската Влада е да не се патува и во некои подрачја на Словенија.