Büşra Selvi Öğütcen,Muhammet Tarhan
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во светот надмина 35,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 35.400.650.
Во светот досега од последиците на Ковид-19 починаа 1.041.824 лица, се излекуваа повеќе од 26,6 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 7,72 милиони.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со повеќе од 7,63 милиони заразени лица. Починаа 214.611 лица.
Во првите десет земји во светот со најголем број заразени се наоѓаат и Индија (6.623.815), потоа Бразил (4.915.289), Русија (1.215.001), Колумбија (855.052), Перу (828.169), Шпанија (810.807), Аргентина (798.486), Мексико (761.665), Јужноафриканска Република (681.289) и Франција (619.190).
Во првите десет земји со најголем број смртни случаи се наоѓаат Бразил (146.375), Индија (102.714), Мексико (79.088), Велика Британија (42.350), Италија (35.986), Перу (32.742), Франција (32.230), Шпанија (32.086), Иран (26.957), Колумбија (26.712), Русија (21.358), Аргентина (21.018), Јужноафриканска Република (16.976), Чиле (12.979), Еквадор (11.647), Индонезија (11.151) и Белгија (10.064).